СЕ: Националните малцинства беа обесправени за време на пандемијата

Ковид Словенија
Луѓе шетаат во центарот на Љубљана, Словенија/ Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, денеска во Стразбур изјави дека националните малцинства биле особено обесправени за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи немале пристап до информации на нивниот јазик, а на некои им биле забранети и основните санитарфни средства.

„Со цел информациите за јавното здравје да стигнат до припадниците на националните малцинства, треба да бидат достапни и разбирливи. Сепак, студија спроведена минатата година покажа дека голем број земји-членки не дадоа информации за коронавирусот, здравствени совети и услуги”.

На отворањето на конференцијата во Стразбур, „Норматите и стандардите на Советот на Европа за правата на националните малцинства: резултати и предизвици”, во рамките на унгарското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа, Пејчиновиќ Буриќ истакна дека напори беа направени за време на пандемијата за борба против говорот на омраза и дезинформациите.

Припадниците на малцинствата имаа ограничен пристап до онлајн образование на нивните јазици и, како што истакна, Ромите беа особено погодени.

„На многумина им беше забранет еднаков пристап до здравствена заштита, дури и основни санитарни услови, како што е вода”, рече Пејчиновиќ Буриќ.

Според неа, за време на пандемијата  дополнително се нагласиле предрасудите, занемарувањето и дискриминацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот