Се будите среде ноќ со чувство на глад? Еве зошто се случува тоа

unsplash

Дали некогаш сте се разбудиле среде ноќ со чувство на глад? Ако ова се случува повремено, не треба да се грижите, но ако забележите дека се случува често, можеби е време да го посетите вашиот лекар.

Нивото на глад делумно се регулира со деноноќниот ритам, а генерално се зголемува во текот на денот. Највисоко е навечер и се смалува во текот на ноќта.

Неврологот Кристел Л.Кнутсон вели дека тоа е „невообичаено“ затоа што нашите „внатрешни“ или биолошки часовници не очекуваат дека тогаш е време за јадење.

Ако понекогаш се будите гладни среде ноќ тоа не треба да ве загрижува, но ако се случува често, можеби треба да барате одговори.  Сепак, експертите велат дека постојат одредени причини зошто понекогаш се случува тоа.

unsplash

Не јадете доволно во текот на денот

Ако не внесете доволно калории во текот на денот, може да се разбудите гладни среде ноќ.

Ако сте на диета или на кој било начин се ограничувате, како што е прескокнување оброци или премногу вежбање, можеби нема да внесете доволно калории“ , вели диетичарката Ализа Рамзи.

Не спиете доволно

Нарушениот сон може да ги исфрли од рамнотежа хормоните што го регулираат апетитот – грелин и лептин, што може да доведе до глад и посегнување по храна богата со јаглени хидрати.

Претходните експериментални истражувања ги поврзаа проблемите со спиењето со зголемениот апетит“, додава Кнутсон.

unsplash

Стрес

Понекогаш физичкиот глад не е она што ве буди од сон, причината може да биде одговорот на телото на стресен период во вашиот живот. Кога ќе се разбудите, можеби веднаш посегнувате по храна, мислејќи дека тоа ќе ве смири.

Јадењето на емоционална база сигурно може да ги забави процесите на размислување. Кога вашето тело ја вари храната, тоа може да ја смири вознемиреноста што ве спречува да заспиете. Тоа, за жал, е многу ефикасен начин да заборавите на тие мисли“, вели Кели Алисон, професор по психологија и директор на Центарот за тежина и исхрана на Универзитетот во Пенсилванија.

Синдорм на ноќно јадење

Ако често се будите со чувство на глад, тоа може да биде знак на нарушување наречено „синдром на ноќно јадење“.

Луѓето со ова нарушување внесуваат значителен дел од своите дневни калории навечер, бидејќи во текот на денот немаат желба за јадење. Може да страдаат од чести промени во расположението кои се влошуваат навечер, имаат проблеми со спиењето и мислат дека треба да јадат нешто
за да заспијат, пишува „HuffPost“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот