Ненад Савески - Фото: Социјални медиуми

Савески најави крај за „фиока-системот“: Сите предмети се важни, со нив се решаваат човечки судбини

Најважно за мене е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на ефикасен и достоинствен начин, вели Ненад Савески во интервју за МИА, кого денеска Собранието треба да го избере за нов државен јавен обвинител. Тој вели дека иако акцентот се ставал на платите, тие, според него не се најголемиот проблем, туку тоа се условите за работа.

„Не може со сиромашна институција да се бориш против богати од криминал“ – вели Савески.

Најважно за него е да се дигитализира работата на обвинителите за да може да се следи нивната работа и да нема, како што вели, „фиока стоп-систем“.

„Таа дигитализација можеби би била некоја програма која би била „фиока стоп-систем“. Значи, она што најчесто се натура како критика на Обвинителството е тоа дека работи бавно, но и да се видат кои се причините за тоа. Дали е тоа недостиг на стручен кадар, на обвинители, дали нестостига помошен кадар за јавните обвинители – вели тој.

Тој не сака да издвојува ниту еден предмет со којшто би ја почнал работата како нов државен јавен обвинител, бидејќи вели дека за него сите се подеднакво важни зашто „се работи за човечки судбини“, но исто така нема да води селективна правда и секој предмет ќе се работи согласно закон и согласно роковите и принципите за работа.

Од работите кои први ќе ги направи по изборот за државен јавен обвинител, Савески вели дека како „некој од надвор“, прво треба да ги види условите за работа внатре и да ја „согледа состојбата“.

„Значи, она што најчесто се натура како критика на обвинителството е тоа дека работи бавно, но и да се видат кои се причините за тоа. Дали е тоа недостаток на стручен кадар, на обвинители, дали нестостасува помошен кадар за јавните обвинители. Потоа да се прават планови да се види финансиската конструкција, потребите, да се види новиот закон, ако се донесе, како ќе помогне, да се стартува… Иако не се тие некои радикални измени, меѓутоа тие козметички измени да видиме каков ефект ќе имаат за подобрување на состојбите. Како и да е, не сметам дека со моето доаѓање на чело на Јавното обвинителство ќе почне и со моето заминување ќе заврши работата. Јавните обвинители и сега додека зборуваме ние, си ја работат својата работа, тоа е нивна законска обврска, тоа е нивна работа. Не мислам дека сега ова мое раководење со институцијата почнува и зависи од мене“ изјави Савески.

Мажот доби предност пред трите жени кандидатки: Ненад Савески владин предлог за државен обвинител – Слободен печат

Според него, обвинителите и сите други државни органи од кои зависи работата на Јавното обвинителство, треба да изградат „еден јак јавнообвинителски систем којшто ќе може да одговори на задачата“, а тоа, како што нагласи, е откривање и гонење на криминалот.

На прашањето со кои предмети првично би се зафатил со работа, дали со некој од актуелните – со поранешниот вицепремиер Артан Груби, РЕК Битола или можеби некој постар предмет како бонусите на СЈО, Савески вели дека тоа што е отворено како предмет тоа мора да дојде како завршница. Вели дека секој предмет е важен и дека нема да води селективна правда.

„Дали таа завршница би била со запирање на истражната постапка или со поднесување обвинение пред суд, тоа се зависи од доказите во предметот. Стари предмети не може да отвораш ако тоа е пресудена работа. Си има законска регулатива за повторување на постапки, не зависи тоа од волјата или од очекувањата на некој. Кога има законски услови секако, кога нема законски услови тоа што важи за сите, оние популарни случаи во јавноста, важи и за сите останати. Во суштина јас сметам дека колку и да е некој предмет значаен или од интерес на јавноста не може фокусот да се стави на тие предмети, а да се занемарат другите предмети кои ете така да ги наречам се помалку важни. Секој предмет е важен, во сите предмети се решаваат човечки судбини и судбината на секој е еднакво важна, не може ние да се фокусираме на едни предмети, а да ги запоставиме другите. Токму тоа ми е интенцијата – секој предмет да си добие еднакво значење“ вели Савески.

Мицкоски: Не го познавам лично Ненад Савески, но верувам дека може да биде одличен државен јавен обвинител – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот