Саркози излегува на условна слобода, нема да носи електронска алка
Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, утре официјално излегува на условна слобода. Одлуката за измена на режимот на издржување на казната е донесена откако судот го уважил барањето на седумдесет и едногодишниот политичар, со што тој е ослободен од обврската да носи електронска алка во случајот познат како „Бигмалион“, кој се однесува на незаконско финансирање на неговата претседателска кампања од 2012 година, објави Хафингтон пост.
Препорачано
Како што наведуваат извори блиски до правосудните органи, судијата за извршување кривични санкции донел одлука во корист на поранешниот шеф на државата, првенствено водејќи се од неговата возраст.
Иако претходно истиот судија ги одбил барањата за спојување на казните во одвоените судски процеси „Бизмут“ и „Бигмалион“, најновата одлука претставува значително олеснување за некогашниот лидер на Франција.
Во предметот „Бигмалион“, Саркози во февруари 2024 година беше осуден за незаконско финансирање на претседателската кампања од 2012 година, која ја загуби, на казна од една година затвор, од кои шест месеци безусловно.
„Затвореник број 320535“ – Саркози напиша книга за 20-те дена поминати во затвор


