Самсоненко ќе го спонзорира Монако, а вардарци без евро лиценца поради финансиски проблеми

сергеј самсоненко
Сергеј Самсоненко, Фото: Архива

Сопственикот на европскиот ракометен шампион и на фудбалскиот клуб Вардар, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ќе биде спонзор на францускиот прволигаш Монако. Неговата компанија за обложување „Бет Сити“ потпиша двегодишен договор со Монако. Самсоненко и неговите обложувалници „Бет Сити“ веќе се спонзори на рускиот тим ЦСКА Москва.

– Се надевам дека ова е почеток на трајна соработка помеѓу Монако и „Бет Сити“ и имаме за цел да ги здружиме нашите сили за да придонесеме за развој и унапредување на фудбалот во двете земји. „Бет Сити“ долго време е вклучен во развојот на рускиот фудбал, во тесна соработка со ЦСКА Москва. Новото партнерство ќе ни овозможи да го достигнеме новото ниво на денешниот светски фудбал. Се надеваме дека Монако ќе ни помогне ефикасно да ги оствариме амбициозните проекти и цели поврзани со маркетингот – истакна Самсоненко при потпишувањето на договорот за соработка.

Монако е клуб  во сопственост на руски олигарх, Дмитри Риборовљев.
– Среќни сме што клубот сега го приближуваме до руските навивачи преку партнерството со „Бет Сити“, познат спонзор на ЦСКА Москва. Русија е клучен пазар за нас и убедени сме дека со оваа соработка ќе придонесеме за развој и поинаков однос со руските љубители на спортот. Ова е една возбудлива нова авантура – вели Жули Фере Надал, маркетинг директорот на Монако.

Интересно е што фудбалскиот тим на Вардар чиј сопственик е исто така Самсоненко веќе неколку години има финансиски проблеми чија кулминација се случи на крајот од минатата сезона кога не клубот не доби лиценца за настап во Европските купови.

Ракометарите во минатата сезона во која ја освоија Лигата на шампионите, постојано им висеа над главите финансиските проблеми кои се разрешија по освојувањето на тиутлата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот