Самохрана мајка му испратила порака на Ештон Качер, а неговиот потег ги шокирал сите (ФОТО)

Кога одлучила да му испрати порака на еден од најславните актери на денешницата, Моника Кутиерз не очекувала дека тој навистина ќе ѝ одговори.

Ештон Качер не само што ѝ одговорил, туку направил нешто многу повеќе.

Имено, 13-годишниот син на Моника е член на тркачки клуб во неговото училиште во Тексас, а откако еден од неговите соиграчи од тимот се повредил бидејќи немал добри патики за трчање, мајката одлучила да си ја проба среќата и да го замоли славниот актер да им помогне.

„Ако можев сама да им купам патики, ќе го направев тоа“, раскажала таа за CNN. Но, таа е самохрана мајка на три деца и средствата ѝ се ограничени, па кога видела дека Ештон на Инстаграм ги повикал луѓето да му се обратат, тоа и го направила.

Набрзо добила меил од еден претставник на актерот и во одговорот навела која големина на чевли носат децата, иако не била сигурна дали некој се шегува со неа.

„Не размислував многу за тоа дали е вистина или некој се шегува со мене, но не ни мислев дека нешто ќе излезе од тоа“, раскажала Моника.

Се шокирала кога една недела подоцна стигнале патики за целиот тим, а Ештон ништо не спомнал на социјалните мрежи.

„Мислам дека за него тоа не беше голема работа, само сакаше да направи нешто убаво за децата. Не очекував дека тоа ќе се случи, но многу сум благодарна. Само сакав да му се заблагодарам за сè што направи“, заклучила мајката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот