Салата со пилешко месо: Рецепт за здрав и избалансиран оброк кој е готов за кратко време

Салата со пилешко месо и тестенини / Фото: Lukáš Kliment / Ifood SM / Profimedia

Салатата со пилешко е кралица на салатите како оброк. Таа е сакана низ целиот свет бидејќи бргу се подготвува, содржи малку калории, а можете да ја збогатите со зеленчук, семки, мешунки, тестенини и, всушност, сè што ќе ви текне, пишува „Пун куфер“.

Има толку многу можности што никогаш не мора да ја повторите истата комбинација, но ако сте ја нашле вистинската – зошто да не?

Едноставната пилешка салата може да биде комплетен и избалансиран оброк, во чиј вкус ќе уживате.

Салата со пилешко месо и зелена салата / Фото: Francesco Perre / Panthermedia / Profimedia

Потребни состојки:

  • 150 г пилешки гради
  • 50 г тестенини по избор/зелена салата доколку сакате поздрава верзија
  • половина авокадо (исечено на коцки)
  • 1/4 свежа краставица (исечена на кругчиња)
  • половина црвен кромид (исечкан)
  • 5 чери домати (преполовени)
  • 5 топчиња моцарела

За преливот:

  • 3/4 чаша маслиново масло
  • 1/4 чаша вински оцет
  • 1 лажичка сув магдонос
  • 2 супени лажици пармезан
  • 1 лажичка мешавина од медитерански или италијански зачини
  • бибер

Подготовка:

Пригответе ги пилешките гради и исечете ги на коцки. Измијте го зеленчукот, исечете го и измешајте го во еден сад. Сварете ги тестенините според упатството и додадете ги во зеленчукот.

Измешајте ги зеленчукот, пилешкото месо и тестенините и прелијте ги со подготвениот прелив.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот