Сакате поубаво тело на плажа? Овие 8 природни препарати видливо ги намалуваат стриите – почнете навреме
Стриите најчесто се појавуваат по нагло зголемување на телесната тежина, бременост, активен раст на мускулите или хормонални промени, оставајќи карактеристични линии на телото. Првично црвеникави или виолетови, со текот на времето стануваат помалку забележливи, но постојат докажани природни методи кои можат да го забрзаат овој процес. Ова се ефективни начини кои ќе ви помогнат да ги намалите стриите и да ја вратите самодовербата.
Препорачано
1. Витамин А
Витаминот А е неопходен за здрава кожа: ја одржува хидратацијата и го стимулира производството на колаген. Најдобар начин да го внесете овој витамин е преку конзумирање моркови, слатки компири (батат), спанаќ и диња. Тие не само што ја негуваат кожата, туку и ѝ даваат природен сјај.
2. Хијалуронска киселина
Стриите се предизвикани од брзо истегнување на кожата, што доведува до микропукнатини. Хијалуронската киселина ја задржува влагата, ја подобрува еластичноста и може да ја намали видливоста на стриите. Редовната употреба на производи со оваа киселина значително ја подобрува целокупната состојба на кожата.
3. Алое вера
Алое вера е позната по своите лековити и регенеративни својства. Сокот од ова растение го стимулира обновувањето на клетките, ја спречува појавата на нови стрии и ги избледува постоечките. Секојдневно нанесувајте свеж гел од алое вера со нежна масажа на проблематичните зони.
4. Кокосово масло
Кокосовото масло е познато по своите навлажнувачки својства, што го прави популарен лек против стрии. Хидрираната кожа станува поеластична, со што се намалува нивната видливост. Најдобро е да го нанесете маслото на кожата веднаш по туширање.

5. Шеќер (природен пилинг)
Пилингот со шеќер нежно ги отстранува мртвите клетки, правејќи ја кожата помазна. Измешајте шеќер со малку мед, маслиново масло или сок од лимон. Нанесете на кожата со кружни движења, масирајте неколку минути, а потоа исплакнете.
6. Арганово масло
Богато со витамини и антиоксиданси, аргановото масло ја зголемува еластичноста и го намалува воспалението на ткивото. Редовната употреба помага да се спречат нови стрии и да се израмни текстурата на постоечките. Можете да го нанесувате директно на кожата или да го користите како додаток во исхраната.
7. Белки од јајца
Белките од јајце содржат аминокиселини кои помагаат во затегнување на кожата и го забрзуваат нејзиното закрепнување. Нанесете ги на стриите, оставете да се исушат, па исплакнете со млака вода и задолжително нанесете хидратантна крема.
8. Маслиново масло
Маслиновото масло содржи хранливи материи кои благотворно делуваат на кожата, ја омекнуваат и ја хранат. Нанесете малку загреано масло на чиста кожа и оставете го добро да се впие. Редовната употреба ги прави стриите значително помалку забележливи.


