Сакате пари и среќа во 2023 година? Не е сеедно како сте ја украсиле и каде сте ја ставиле новогодишната елка!

Фото: Pexels/Element5 Digital

Сезоната на празници е посебна за секого, како за буџетот, така и за подготовката и еуфоријата. Фенг шуи не само што помага за уредување на домот и придонесува за благосостојба, туку ни нуди и совети како да ја уредиме новогодишната и божиќната декорација за да ни создаде позитивна енергија во нашиот дом.

Сигурно многумина од вас веќе ја накитиле елката, но не е на одмет да ги знаете овие совети.

Според фенг шуи, местото за елката е исклучително важно бидејќи ќе внесе хармонија во домот.

Каде да ја поставите новогодишна елка?

Зимзеленото дрво симболизира долговечност и пријателство. Според фенг шуи, триаголната форма на новогодишната елка се смета за симбол на оган во фенг шуи, а најдоброто место за овој симбол е во горниот лев агол од вашиот дом.

Овој простор се смета за „површина на богатството“, а особено силни се триаголните облици и предметите направени од дрво.

Поставувањето новогодишна елка на ова место ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом.

Исто така, добро место за новогодишните елки се генерално сите агли од вашиот дом или централниот дел од куќата, каде ќе се стабилизира енергијата во текот на оваа празнична сезона.

Во случај да сте ја поставиле елката на север, украсете ја со стаклени украси во сина, бела, сребрена и златна. Елката поставена на запад или северозапад треба да биде во бели, сребрени, златни и жолти тонови, а никогаш во црвена боја.

Доколку елката се наоѓа во југозападниот или североисточниот дел од домот, поволни се украсите во жолти и црвени тонови и многу украси од керамика, додека белата и сребрената боја не се препорачува.

За да се придонесе за поквалитетна поврзаност на семејството, пожелно е секој член да стави барем по еден украс на елката, бидејќи со тој чин ја поставува и својата лична енергија.

Фенг шуи советува елката да не ја ставете:

– Во ходникот или во собата каде што може да го блокира преминот

– Во областа каде што ќе го попречи протокот на Чи енергија

– Премногу блиску до изворот на топлина или каминот, каде што може да предизвика пожар или побрзо да се исуши

Украсување на вашиот дом за да постигнете позитивно расположение

Генерално користете многу темно-зелена боја во украсувањето на домот. Во домот е присутна прекумерна количина на енергија на оган (запалени свеќи, сѐприсутната црвена боја и украсно осветлување), што придонесува за кавги и нервоза, а темнозелената боја успешно ја впива. Зимзелени гранчиња, венчиња, украси и зелени покривки за маса совршено ја балансираат енергијата на просторот.

Деновиве често се фотографираме, па пожелно е да се има на ум дека фотографијата со тројца луѓе наредени во еден ред е крајно неповолна. Во случај семејството да се состои од три лица, тие треба да позираат во форма на триаголник, при што на горната позиција се сместува личноста која најмногу заработува.

– За пријатна атмосфера, секојдневно палете ароматична свеќа со мирис на мандарина, портокал, лимон или цимет.

– Не избегнувајте светлечки и блескави украси. Огнот симболизира слава и углед, а светилките симболично го претставуваат огнот.

– За да го подобрите вашето здравје, чувајте божиќна ѕвезда или друг жив цвет засаден во земја во средината на собата. –

– Украсните ангели поставете ги лево од влезната врата. На овој начин ќе обезбедите помош од драги луѓе.

– Во десниот агол, спроти влезната врата, ставете две миризливи или украсни свеќи. На тој начин ќе обезбедите празници полни со љубов и разбирање. Најдобрите бои за свеќи се жолта, розова и црвена.

– Оживејте го вашиот дом со свежи бои и пријатни мириси.

– Поставете украсно огледало зад вазната со цвеќиња за да се удвои убавината.

– Главното осветлување не треба да биде премногу силно.

– Додадете перници или некои други тркалезни предмети за да помогнете во протокот на позитивна енергија.

– Поканете парен број гости.

– Не дозволувајте вашите гости да седат во близина на вратата. Кој седнува прв до излезот, секогаш прв заминува.

– Оставете ги децата да уживаат, викајте колку што можете помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот