Сакате да ја сочувате компанијата на сред криза? Постои само еден совет за вас

Американскиот милијардер познат е по изјавите кои од него никој не ги очекува, по јасниот став и паметни деловни потези. Секогаш има и знае што да каже, и тоа секогаш го прави на „Твитер“.

Сопственикот на „Далас Маверикс“, Мајк Кубан, не е баш типичен богаташ. Во еден момент рече дека не сака повеќе да заработува, во моментов има нето вредност од 4 милијарди долари, како и дека не сака неговите две ќерки и син да бидат „размазени“ татини деца.

Кај него нема „бескрајо полнење на картичките“, ниту потпишување чекови, туку се што сакаат мора сами да си го купат, но претходно и да си заработат пари.

Овој пат познатиот милијардер ги советува сопствениците на компании што да направат доколку сакаат да ги сочуваат бизнисите од пропаст.

– Доколку сакате вашата компанија да преживее и да продолжи да цвета, дајте им на вработените удел и сопственост. Тие поради тоа ќе работат понапорно, ќе имаат друг поглед врз нештата, и сите ќе имаат корист од тоа, напиша Кубан.

Како што наведува откако била продадена „Broadcast.com“ на компанијата „Yahoo“, од 330 вработени друи 300 од нив станале милионери. А останатите 30 не станаа затоа што почнаа премногу доцна.

Доколку ги вклучите вработените во сопственичката структура треба да имате на ум две работи: одржувајте добри односи и прашај те ги за мислење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот