Фото: Freepik

Сакате да го изгубите салото на стомакот? Придржувајте се до еден едноставен, но ефикасен совет

Иако нутриционистите и лекарите советуваат да не се елиминираат цели групи на храна за да се намалат килограмите, всушност постои една група што треба да се елиминира. Фитнес тренерот Џерард Хол сподели едноставен, но ефикасен совет за оние кои сакаат брзо да ги изгубат килограмите и салото на стомакот.

Тој истакнува една клучна навика што може да помогне во намалувањето на два вида телесни масти што се наоѓаат во абдоминалната област, а тоа е исклучување на алкохолот.

„Постојат два вида маснотии што го опкружуваат нашиот среден дел – поткожни маснотии, што е надворешниот слој на стомакот и висцерални маснотии, кои ги опкружуваат внатрешните органи“, објасни тој.

Ако имате премногу висцерални масти во абдоминалната област, тие масти со текот на времето стануваат тврдоглави и потешко се отстрануваат. Сепак, со елиминирање или барем намалување на внесот на алкохол, можете да помогнете во елиминирањето на овие масни наслаги.

Џерард го нарекува алкохолот „една од најлошите работи што можете да ги направите ако сакате да се ослободите од висцералните масти“, наведувајќи ја неговата висока калорична содржина.

„Алкохолот може да предизвика хаос во вашите хормони, вклучувајќи го и тестостеронот, а може да ве наведе и да правите лоши избори во исхраната. Кога пиете алкохол, вашето тело му дава приоритет на неговото разградување пред согорувањето на мастите, ефикасно запирајќи го секој напредок во губењето на тежината“, нагласи тој.

Според британската Национална здравствена служба (NHS), препорачаната неделна граница е 14 единици алкохол, со предупредување дека „нема целосно безбедна количина“, пишува „Сенса“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот