Саинс најбрз во квалификациите на дождливиот Силверстоун

Возачот на Ферари, Карлос Саинс/фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на Ферари, Карлос Саинс јуниор ја освои пол позицијата на возбудливите квалификации за трката на Големата награда на Британија што се одржаа во дождливи услови на легендарната патека Силверстоун.

Саинс со пол позицијата дојде буквално во последните секунди од квалификациите, иако во ниту еден момент не беше блиску до Верстапен и Леклер, кои имаа најдобар ритам. Ова воедно е прва пол позиција за возачот на Ферари во кариерата.


Во послендите моменти од третата квалификациска сесија во која настапија најдобрите 10 возачи, Саинс кругот што му ја донесе пол позицијата го извозе да 1:40.983 минути и беше за 72 стотинки побрз од возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

Третото најбрзо време го имаше Шарл Леклер од Ферари кој заостана 0,315 секунди зад Саинс, додека вториот возач на Ред Бул, Серхио Перес беше четврти.

Од петто до десетто место се пласираа Луис Хамилтон, Ландо Норис, Фернандо Алонсо, Џорџ Расел, Ганју Жоу и Николас Латифи.

Трката за Големата награда на Велика Британија се вози во недела од 16:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот