Нано Ружин / Принтскрин / СП. архива

Ружин: Пораката на Абазовиќ за „Отворен Балкан“ беше упатена и кон Црногорците, но и кон Албанците на Косово

Иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон да се формира „европска политичка заедница“ е испраќање сигнали кон државите кандидати почнувајки од Украина која е во војна со Русија, но и останатите што имаат европски соништа, коментира поранешниот дипломат Нано Ружин.

– Европската Унија не може да биде единствената алатка за структурирање на европскиот континент. Претседавачот на Институтот „Жак Делор“, Енрико Лета кој е воедно шеф на Италијанската демократска партија, две недели работел на овој проект со дискретна поддршка на Марио Драги, претседателот на италијанскиот совет. Според нивното мислење, оваа „европска политичка заедница“ би можела да одговори и на аспирациите на Украина, Молдавија и Грузија, но зошто да не и на Казакстан, Узбекистан, Турција, како и на државите од Западен Балкан. Канцеларот на Германија Олаф Шолц идејата ја оквалификува како „многу интересна“, без да ги обесхрабри државите како Северна Македонија (која ја спомена) или и останатите дека полноправното членство е под знак прашање, изјави Ружин за „Слободен печат“.

Според него, геополитичката криза, пораката на Макрон за „европска политичка заедница“ и праксата од досегашното функционирање на „Отворен Балкан“ се показател за придобивките на овој регионален проект.

– Убеден сум дека и Црна Гора и Косово гледаат каков бенефит имаат нивните соседи Србија и Албанија. Пораката на Абазовиќ за „Отворен Балкан“ беше пратена и кон црногорските граѓани, но и кон Албанците на Косово, смета Ружин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот