Рускиот „витез“ го нокаутираше Вајт во петтата рунда! (ВИДЕО)

фото: твитер

Александр Поветкин (40) триумфираше против Дилијан Вајт за привремената светска титула во тешка категорија во верзијата „ВБЦ“.

Во градот Брентвуд рускиот „витез“ во петтата рунда од борбата го нокаутираше осум години помладиот Британец.

Претходно Поветкин се наоѓаше во тешка ситуација, бидејќи во четвртата рунда двапати беше на подот и во нокдаун, но успеа да се извлече од истата и го пронајде „ударот од неговите соништа“.

Тоа беше негова 36 победа во 39 професионални борби, со два порази од Џошуа и Владимир Кличко.

За Вајт ова беше втор пораз, претходно загуби од Џошуа, а веднаш после мечот побара да биде закажан реванш со Поветкин. Од друга страна Поветкин сега би можел да размислува за борба против шампионот на „ВБЦ“ федерацијата, Тајсон Фјури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот