Руски генерал: Секој странец треба да размисли пред да се приклучи на украинската армија
„Сакам официјално да истакнам дека платениците кои Западот ги испрача за да му помогне на киевскиот режим немаат право на статус воен заробеник“, кажа портпаролот на руското министерство за одбрана генералот Игор Конашенков.
Тој порача дека секој странец би требало „да размисли седум пати“ пред да пристапи на украинската војска бидејќи Русија ќе ги смета за „кривично одговорни ако ги фати“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски процени дека планираната единица составена од странски доброволци ќе има околу 16 илјади борци. Тој истакна дека првите странски доброволци веќе пристигнале.
Над 1.000 странци досега се придружиле на украинските сили против Русија, според податоците на Киев.
„Доброволци од 16 земји во светот дојдоа во Украина спремни да се борат рамо до рамо со украинскиот народ против агресорот. Нивниот број надмина 1.000“, кажа украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
ВО ЖИВО | Една недела од рускиот напад во Украина, вести од минута во минута


