Руската вакцина модифицирана поради делта сојот

Спутник В / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Руските истражувачи објавија дека ја модифицирале вакцината „Спутник В“ за употреба против позаразната варијанта на коронавирусот.

„Модифицираната вакцина е веќе во фрижидер“, изјави за Интерфакс шефот на институтот Гамалеја, Александар Гинзбург, пренесе ДПА.

Тој рече дека е прерано да се зборува за ефикасноста на вакцината.

Други производители веќе работат на измена на нивните вакцини против новата делта варијанта.

Во исто време, Гинзбург се залага за употреба на вакцината „Sputnik Light“ како „засилувачка“ вакцина за оние кои веќе се целосно вакцинирани со вакцините Бионтек и Фајзер.

Русија досега разви четири вакцини против коронавирусот и работи на петтата.

„Спутник В“ е одобрена во околу 70 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот