Русите најдоа генијално решение за ОИ: Ќе настапат под знаме на царска Русија

твитер

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) се одлучи на ваков потег поради долгогодишното кршење на анти-допинг правилата и манипулација со податоците на руските спортисти.

Сепак, Русите најдоа начин како да ги „измамат“ ВАДА и Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), со што ќе настапат под знаме кое во минатото било на спортската облека на олимпијците на царска Русија.

Разликата е во тоа што на заставата би бил нацртан црн двоглав орел на бела површина. Оваа идеја ја презентира Георгиј Вилинбахов, шефот на советот на Хералдичарите во Русија и веќе овој предлог е презентиран пред рускиот претседател Владимир Путин.

– Секогаш може да се пронајдат решенија. Ние сме подготвени во оваа област да пружиме професионална помош и да се направи официјално руско олимписко знаме. Зашто да не можеме да имаме олимписко знаме ко би можело да се носи или заедно со државното или само, а би ја презентирала екипата на нашата држава, а не интернационално знаме со пет прстени – изјави Вилинбахов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот