фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Русите најдоа чаре: Чајковски наместо нивната химна на Игрите во Токио

Руските спортисти кои ќе освојат златен медал на Олимписките игри во Токио, наместо нивната химна ќе слушаат музика од Петар Илич Чајковски.
На Русите поради систематски допинг, Светската андидопинг агенција (ВАДА) им забрани на Игрите во Токио да ги користат химната и знамето и поради тоа спортистите од најголемата земја на светот на ЛОИ во Токио и на ЗОИ во Пекинг 2022 година ќе настапуваат под неутрално знаме, односно под знамето на Меѓународниот Олимписки комитет (ИОК).
Рускиот олимписки комитет неодамна предложи на спортистите кои ќе освојат златен медал на Игрите во Токио да им се пушти песната „Катјуша“, но Судот за спортска арбитража го одби овој предлог.
Станислав Поздњаков, претседателот на Рускиот олимписки комитет, веднаш даде нов предлог, да се интонира „Концертот за клавир број 1“ на славниот руски композитор Петар Илич Чајковски и овој предлог е прифатен.

Судот во Лозана го одби барањето на Русија за Олимписките игри во Токио

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот