Судот во Лозана го одби барањето на Русија за Олимписките игри во Токио

фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Судот за спортска арбитража (ЦАС) денеска го одби барањето на Русија на Олимписките игри во Токио да настапи под песната „Катјуша“ наместо химна.

ЦАС во декември донесе одлука да им дозволи на руските спортисти да се натпреваруваат на Олимписките игри во Токио, но без истакнување на национални симболи како знаме и химна.
Русите ја прифатија одлуката на Судот во Лозана, но се обидоа да извлечат нешто повеќе  и веднаш упатија барање на Олимписките игри во Токио да настапат без знаме, но спортистите од оваа земја да ги следи позната руска песна „Катјуша“.  ЦАС одлучи ова барање на Русите да го одбие.
„Судскиот панел смета дека терминот „секоја химна поврзана со Русија“ подразбира и песни кои се поврзани во оваа земја што ја вклучува и песната „Катјуша“, стои во дел од образложението на Судот за спортска арбитража.

Русија, односно рускиот олимписки комитет е казнет поради системски допинг поради што на руските спортисти им се одземени 47 медали од зимските и летните Олимписки игри, но и преку 200 медали од бројни светски првенства во различни спортови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот