Русија ќе им забрани на странците да користат руски сурогат мајки

Жена гледа од прозорец со националното знаме на Русоја EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Русија наскоро ќе усвои закон со кој ќе им забрани на странците да користат руски сурогат мајки, изјави во неделата претседателот на Долниот дом на парламентот, Вјачеслав Володин, пренесува Ројтерс.

Платеното сурогат мајчинство е легално во Русија, но оваа практика беше критикувана од религиозните групи како комерцијализирање на раѓањето деца.

„Мора да се направи сè за да се заштитат децата со забрана на странците да ја користат услугата за сурогат мајчинство“, напиша Володин на Телеграм. „Оваа одлука ќе ја донесеме на почетокот на декември.

Тој вели дека околу 45.000 бебиња родени од сурогат мајки биле однесени во странство во изминатите неколку години. „Трговијата со деца е неприфатлива“, додаде тој.

Руските пратеници го усвоија нацрт-законот речиси едногласно во неговото прво читање во мај. Доколку биде усвоен во последното трето читање, ќе биде разгледан од горниот дом на парламентот и потпишан како закон од претседателот Владимир Путин.

Украинската влада вели дека Русија насилно депортирала повеќе од 12.000 украински деца откако го нападна својот сосед во февруари, додека 440 загинале во војната, а стотици се водат како исчезнати.

Русија ги негира присилните депортации, велејќи дека движењето на луѓе во Русија од Украина било за да ги заштити цивилите од украинските војници.

Путин во петокот се сретна со внимателно избрана група мајки на руски војници испратени да се борат во Украина, велејќи им дека нивните синови не загинале залудно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот