Фото: Архива на „Слободен печат“

Русија, Белорусија и Иран повторно поканети на доделувањето на Нобеловите награди

Русија и Белорусија повторно се поканети на церемонијата на доделување на Нобеловата награда во Стокхолм, откако минатата година беа изоставени поради војната во Украина, соопшти Нобеловата фондација.

Иран, исто така, е поканет повторно да учествува на настанот во шведскиот главен град, откако минатата година не му беше дозволено да присуствува.

Фондацијата соопшти дека се обидува да ги вклучи дури и оние кои не ги делат вредностите на Нобеловата награда.

Пет од шесте церемонии за доделување на Нобеловата награда се одржуваат во Стокхолм секоја година, додека Нобеловата награда за мир се доделува во Осло.

Минатата година Нобеловата фондација објави дека нема да бидат поканети амбасадорите на Русија и Белорусија „поради руската инвазија врз Украина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот