Рударска несреќа во Нигерија – 37 млади животи згаснаа во тунелите

Во рудник во нигериската сојузна држава Плато од труење со јаглерод моноксид загинале 37 рудари, додека 25 се повредени, пренесуваат денеска локалните медиуми, пренесе Ројтерс.

Според зборовите на очевидци, рударите во рудникот на компанијата „Солид“ во општината Зурак Васе извршувале вообичаени активности, кога почнале да се онесвестуваат еден по друг по појавата на смртоносниот гас.

Рударите кои настрадале имале меѓу 20 и 35 години, а се проценува дека токсичниот гас се насобрал во слабо вентилираните тунели. Нигериската влада, како ни властите во сојузната држава Плато, досега не се огласиле по повод инцидентот во рудникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот