Средба на Зеленски и Трамп во Белата куќа/Фото: Pool/Ukrainian Presidentia/Plane / Shutterstock Editorial / Profimedia

Рубио не разговарал со Зеленски по кавгата во Белата куќа

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека не разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски по скандалозната средба во Овалната соба на Белата куќа за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во петокот.

Рубио ова го изјави во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Да потсетиме, посетата на Зеленски на Белата куќа заврши порано од планираното по жестоката размена со Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс.

Состанокот стана тензичен откако Венс му рече на Зеленски: „Мислам дека е грубо од твојата страна да дојдеш во Овалната соба и да се обидеш да разговараш за ова пред американските медиуми“.

Додека Зеленски се обидуваше да одговори, Трамп го крена гласот и рече: „Вие се коцкате со Третата светска војна и тоа што го правите покажува непочитување кон оваа земја, земја која ве поддржува многу повеќе отколку што многу луѓе мислат дека треба“.

Бранејќи се себеси и Украина, Зеленски отворено го предизвика Трамп за неговиот помек пристап кон Владимир Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот