„Ронтис” додели 500 визари за здравствените работници во Велес

Овој хуман гест бил потикнат од зголемените потреби од заштитни средства за здраствените работници кои се на првата борбена линија со пациентите.

Четири јавни здравствени установи во Велес добија донација од 500 визири од велешката компанија „Ронтис“ која за еден ден успеа да ги произведе и соодветно да ги спакува.

Директорот на Здравен дом, Никола Димовски се заблагодари на хуманоста на менаџерскиот тим на „Ронтис” и апелира сите компании да бидат хумани и да го следат нивните пример.

Како што појаснуваат од тимот на „Ронтис”, за овој хуман гест биле потикнати од состојбата со пандемија од Ковид-19 во земјава и зголемените потреби од заштитни средства за здраствените работници кои се на првата борбена линија со пациентите, и на кои им е неопходна заштита.

Во изработката на заштитните визари се вклучени 18 вработени, дел од администрацијата и менаџерскиот тим предводени од директорката Бојана Димовска.

Од „Ронтис” најавуваат дека дополнително ќе бидат изработени количини и за сите матични лекари од Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот