Роналдо „шоу“ во Стокхолм, Франција подобра од Хрватска! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/PASCAL BONNIERE

Португалија како европски шампион во натпреварувањето доминира и во новото издание од Лигата на нации, вечерва на „Френдс Арена“ во Стокхолм ја совлада репрезентацијата на Шведска (0:2).

Фантастична партија имаше ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо кој ги обезбеди трите бода за својата селекција. Најпрвин стрелаше непосредно пред паузата (45+1`) со прекрасен гол од слободен удар, што беше негов 100 јубилеен за португалската репрезентација.

Во 72 минута постигна уште еден одличен гол после асистенцијата на Жоао Феликс за поставување на конечниот епилог и втор триумф.

Во истата група „3“ од Лигата „А“ како реприза од финалето на последното Светско првенство, Франција со 4:2 беше подобра од Хрватска.

Во Париз „коцкестите“ први беа во предност благодарение на Ловрен во 17 минута, но „триколорите“ направија пресврт пред крајот на првото полувреме преку Гризман и автоголот на Ливаковиќ.

Израмнија Хрватите во 55 минута со погодокот на Брекало, а трите бода за француската репрезентација ги донесоа Упамекано (65`) и Жиру од пенал (77`).

Лига на нации

2. коло, резултати –

Лига „А“
Белгија-Исланд 5:1
Данска-Англија 0:0
Франција-Хрватска 4:2
Шведска-Португалија 0:2

Лига „Ц“
Ерменија-Естонија 2:0
Грузија-Македонија 1:1
Кипар-Азербејџан 0:1
Луксембург-Црна Гора 0:1

Лига „Д“
Сан Марино-Лихтенштајн 0:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот