Роналдо во „клубот 100“ со прекрасен гол од слободен удар! (ВИДЕО)

Бруно Фернандеш и Кристијано Роналдо, едни од најдобрите во португалската репрезентација/фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Нема поубав начин да го реализирате јубилејниот 100 погодок во боите на националната репрезентација од слободен удар, а тоа вечерва му се случи на Кристијано Роналдо.

Во рамките од Лигата на нации селекцијата на Португалија ѕвездата на Јувентус го постигна водечкиот погодок (0:1) на стадионот во Стокхолм против Шведска непосредно пред паузата.

Роналдо успеа да дојде до 100 јубилеен гол за Португалија после 17 години и 165 настапи. Тој е само вториот играч кој успеал да стигнее до оваа бројка или над истата, претходно тоа го направи Али Даеи од Иран кој има 109.

За португалската А селекција Роналдо дебитираше на 23 август 2003 година во пријателскиот меч против Казахстан.

Првенецот го имаше на Европското првенство 2004 година на првиот натпревар од тоа натпреварување против Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот