Македонија со бод како „планина“ против Грузија на Динамо Арената! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Во вториот натпревар од Лигата на нации нашата сениорска репрезентација одигра реми (1:1) на тешкото гостување во Тбилиси против Грузија на „Динамо Арената“.

Селекцијата на Македонија освојува значаен бод во Лигата „Ц“ и сега заедно со грузиската селекција го дели првото место во групата „2“ и без сомнение ќе се води голема борба за првото место кое води во повисок ранг.

Грузија која ни е наш можен ривал во финалето од плеј-офот за пласман на наредното ЕП 2021 се покажа како многу незгодна репрезентација, во 13 минута дојде во водство (1:0) од пенал кој го реализираше Окриашвили, а претходно фаул во казнетиот простор направи Алиоски.

фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Во 33 минута следуваше израмнувањето, украдовме една топка во средниот ред и во една полуконтра Пандев убаво му асистираше на Ристовски кој стрелаше од непосредна близина (1:1).

Голем проблем за селекторот Игор Ангеловски беше црвениот картон на Муслиу поради прекршок во 64 минута и поради тоа долг период до крајот на мечот моравме да биде во целосна дефанзива.

Грузија се обидуваше со сите налети повторно да го загрози голот на Шишковски, но на крајот дуелот го спасивме бодот и си заминуваме непоразени од Тбилиси.

Лига на нации

Лига „Ц“, група 2
Резултати, 2. коло –

Грузија-Македонија 1:1
Ерменија-Естонија 2:0

Табела:

1. Македонија (3:2) 4 бодови
2. Грузија (2:1) 4
3. Ерменија (3:2) 3
4. Естонија (0:3) 0

Наредни натпревари: 11 октомври Ерменија-Грузија, Естонија-Македонија, 14 октомври Естонија-Ерменија, Македонија-Грузија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот