Роналдо: Барем пет играчи ја заслужија „Златната топка“

Бразилецот смета дека оваа престижна награда требаше да заврши и во големи фудбалски имиња како Тоти, Роберто Карлос..

Светската фудбалска легенда, бразилскиот ас смета дека многу големи играчи го заслужија ова престижно признание…

Поранешниот најдобар играч на светот, Роналдо на Инстаграм во разговорот со Алесандро Дел Пјеро, вели дека поранешниот капитен на Јувентус заслужи да ја освои „Златната топка“.

Заслужи да бидеш најдобар на светот, но не само ти, и уште неколку големи имиња не ја добија наградата, а требаше – рече Роналдо.

Покрај Дел Пјеро, според Бразилецот оваа награда требаше да заврши и во рацете на Паоло Малдини, Франческо Тоти, Роберто Карлос и Раул.

Роберто Карлос беше еднаш втор, зад мене – додаде Роналдо кој ја освои „Златната топка“ во 1997 и 2002 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот