Романците ни завршија работа, Македонија ќе игра на завршниот турнир во Европската сребрена лига

Фото: facebook.com/volleyballmkd

Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на завршниот турнир во Европската сребрена лига што ќе се игра во Унгарија.

Одбојкарите го освоија второто место во групата Б поради подобар сет количник од Албанија, а заслугите за тоа одат на сметка на селекцијата на Романија која денеска славеше со 3:0 во сетови и тоа 25:18,25:19,25:22 над Албанците.

На Македонија по вчерашната победа над БиХ, денеска и беше потребна победа на Романија, а притоа Албанците не смееја да освојат повеќе од еден сет. На крајот Романија издвојува максимална победа и не испрати на завршниот турнир во Унгарија.

Романија го освои првото место во групата Б со 13 бода, Македонија има 10 колку што има и Албанија, но има и подобар сет количник.

Македонија и Романија им се приклучија на селекциите на Унгарија и на Финска на завршниот турнир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот