Ролан Гарос: Федерер игра се подобро, го суреди и Чилиќ
Рожер Федерер обезбеди пласман во третото коло на Ролан Гарос откако во четири сета славеше над Марин Чилиќ. Швајцарецот кој моменто е осми тенисер на АТП ранг листата, го победи 47 светски тенисер со 6:2,2:6,7:6,6:2 за два часа и 38 минути игра.
Шампионот на Ролан Гарос од 2009 година во наредното коло го очекува Германецот Доминик Кепфер кој со 3:1 во сетови беше подобар од Тејлор Фриц.
Федерер одлично го започна мечот со Чилиќ, освои пет од воведните шест гема и рутински поведе со 1:0 во сетови. Во вториот сет следеше фуриозен одговор на Чилиќ кој веднаш направи брејк и поведе со 3:0 по што во последниот гем уште еднаш го одзеде сервисот на Федерер и дојде до израмнување во сетови.
Третиот сет се покажа како клучен за крајниот победник, Федерер прво поведе со 3:1 но Чилиќ успеа да дојде до израмнување и го однесе сетот во тај-брејк. Во него, Федерер поведе дсо 5:2 и дојде на само еден сет од пласман во третото коло.
Добиениот сет му даде самодоверба на Швајцарцот, направи брејк и без проблеми го приведе мечот до крајот.
Ролан Гарос: Ѓоковиќ лесно го победи Куевас за пласман во третото коло