Рок класа 2021: Тина Тарнер, Џеј Зи, „Крафтверк“, „Фу Фајтерс“ се неколкумина од новите членови на „Куќата на славните“
„Рокенрол салата на славните“ никогаш не била резервирана само за рок, туку од првата промоција во 1986 година, отворена е и за други музички жанрови: соул, блуз, аренби, фолк, кантри, потоа и за рап.
View this post on Instagram
Денес 81-годишната Тина Тарнер веќе е влезена во музичкиот пантенон во 1991 година, како членка на тогашното дуо Ајк&Тина Тарнер. Овој пат избрана е како соло уметница, која направи пресврт во својот музички стил во средина на 80-те години, бирајќи повеќе поп стил со што стекна голем светски успех.
View this post on Instagram
Раперот и продуцент од Бруклин, Џеј Зи, доби 23 Греми признанија за придонес во американската музичка индустрија, со што си заслужи место и во оваа институција.
Покрај нив во оваа „Куќа на славните“ влегуваат и германската група „Крафтверк“ кои се сметаат за пионери во електронската музика, потоа „Го-го“ една од првите успешни женски рок групи.
View this post on Instagram
Поранешниот гитарист на „Нирвана“, Дејв Грол овој пат влегува како дел од групата „Фу Фајтерс“ основана 1994 година.
Избрани се и раперот ЛЛ КулЏеј, пејачката Керол Кинг и соул пејачот Џил Скот-Херон.
Свечениот настан ќе се одржи на 30 октомври во Кливленд, Охајо. Во жирито има повеќе од 1.200 личности, постојани членови, професионалци и историчари на музика.