Роби Вилијамс откри дека пати од ментално растројство: „Би можел да напишам книга за омразата кон себе“

роби вилијамс
Роби Вилијамс / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Британскиот пејач Роби Вилијамс искрено зборуваше за неговата тековна битка со телесна дисморфија на социјалните мрежи.

Поранешната ѕвезда на Тејк дет, oткако неодамна соопшти на јавноста дека користи ботокс, се осврна на неговото слабеење, откако фановите забележаа дека физички изгледа преслабо во видеото објавено од неговата сопруга Ајда Филд, претходно оваа година, пренесува „Дејли меил“(Dailymail).

Тој сподели цртеж со своите 2,7 милиони следбеници на Инстаграм, на кој пишува: „Мојата идеална тежина е кога луѓето ќе бидат загрижени за мене“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Robbie Williams

„Би можел да напишам книга за омразата кон сликата за моето тело. Како чиста омраза кон себе. Грдотијата од тоа да се чувствуваш грд. Страдам од дисморфофобија, можете да замислите што гледа мојата психа. Можеби не можете. Во секој случај, тоа е катастрофа. Во моментот сум слаб, но еве што ми се врти во мислите: ‘Одлично, Роб, успеа да ослабеш, но сега си стар’. Борбата е вистинска, тагата шокантна“, напиша пејачот на Инстаграм, обидувајќи се да им објасни на обожавателите со какво растројство се бори.

„Да се прифатам себеси понекогаш изгледа тешко и невозможно. Во секој случај, не сакам комплименти. А ако некој друг се препознае во зборовите што ги напишав, можеби тоа ќе ни помогне и на двајцата”, додаде тој.

Многу фанови го поддржа Роби во коментарите и му кажаа дека им е жал што се чувствува вака, обидувајќи се да му дадат по некој совет.

Пред неколку месеци, тој изјави:

„Ослабев сам, но тоа е константна борба. Целото мое битие и тело сака да одам во спротивен правец и да бидам морбидно дебел“

Своевремено, Вилијамс се заблагодари на својата „самобендисаност“ и на работата, како главни фактори што го одржуваат во форма, зошто како што иозјави самиот, ако не би бил глобална ѕвезда, би се плашел како навистина би изгледал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот