РКЕ: Граѓаните да продолжат да ги користат дигиталните алатки за избегнување физички контакт

– Со понудените решенија побрзо, поедноставно и без физички контакт се овозможи прибирање на податоци неопходни за непречено функционирање на системот, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги апелира до потрошувачите да продолжат да ги користат новите дигитални услуги од енергетските компании, но и од комуналните претпријатија се додека е на сила вонредната состојба, но и во периодот до враќање во нормала.

Со дигиталните услуги, како што велат од РКЕ, се избегнува физичкиот контакт, а се овозможува отчитување на броила и водомери.

-Во изминатиот период на вонредна состојба компаниите врз коишто имаме надлежност ги приспособија услугите согласно насоките и препораките од Министерството за здравство и Владата со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Дел од нив, понудија решенија со коишто побрзо, поедноставно и без физички контакт се овозможи прибирање на податоци неопходни за непречено функционирање на системот, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот