Ристовски на позајмица од РК Вардар во бундеслигашот Лемго

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Борко Ристовски (40) повторно ќе игра во најсилната германска ракометна лига, овојпат ќе го облече дресот на Лемго.

Моментно Лемго во Бундеслигата после девет кола има само една победа и со четири бодови е на 15 позиција.

Од редовите на РК Вардар 1961 искусниот чувар на мрежата два месеци ќе игра на позајмица, а потоа ќе се врати за вториот и клучен дел од сезоната во македонскиот шампионат.

Како што пренесува „Екипа“, понудата од Лемго беше интересна и истата одлучи да ја прифати.

Претходно во клупската кариера Ристовски во Германија ги бранеше и боите на Рајн Некар Левен и Гумерсбах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот