Ристовски и Динамо поразени во Виена, Црвена звезда испушти победа во Данска

Стефан Ристовски покажува добри игра во дресот на Динамо Загреб/ фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватскиот шампион Динамо Загреб за кого настапуваат и македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, е поразен на гостувањето кај Рапид Виена со 2:1 во третото коло во Лигата на Европа.

Натпреварот лошо започна за „модрите“, Грул уште во деветтата минута му донесе предност на Рапид. Но, Динамо само 15 минути подоцна успеа да израмни преку Мислав Оршиќ. Триумфот на австрискиот тим го обезбеди Хофман во 34 минута и му направи вистинска мешаница на табелата.

Сега три екипи имаат по три бода, Динамо, Рапид и Генк, додека Вест Хем е лидер со шест бодови.
Ристовски се најде во првиот тим на Динамо и беше заменет во 78 минута, додека Адеми поради повреда не беше во комбинација за настап.

Екипата на Црвена звезда одигра 1:1 на гостувањето кај Митјиланд, а само 12 минути ја делеа од победата. „Црвено-белите“ поведоа во 58 минута со голот на Мирко Иваниќ, додека Дир во 78 минута го постави конечниот резултат. И покрај ремито, Црвена звезда остана на првото место на табелата со седум бода, еден повеќе од Брага која со 0:1 славеше на гостувањето кај Лудогорец.

Останатите натпревар завршија без победник, Бетис и Баер одиграа 1:1, Фенербахче и Антверпен 2:2, додека Лацио и Марсеј одиграа без голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот