Ристо Вуков второпласиран на трката во Абу Даби

фото:фејсбук

Ристо Вуков го освои второто место во неговата класа, на најпрестижна трка на која настапил еден наш натпреварувач, на Gulf 12 во Абу Даби.

Рико настапи со Мохамед Хусеин од Дубаи кој следната сезона исто така ќе настапува за „ГДЛ Рејсинг“, но во друга конкуренција и со легендарниот американски ветеран Џим Микелиан, кој во моментов е прв човек на авто-трките во Лонг Бич, Калифорнија.

Популарниот Рико имаше солиден резултат и се запозна со возилото со кое следната сезона ќе настапува во „Порше Карера 911 ГТ3 Куп“ во боите на екипата „ГДЛ Рејсинг“ од Италија.

– Првпат седнав во новиот автомобил, со кој ќе ги бранам боите на Македонија во рамките на следната сезона, на меѓународната сцена. Искуството од преку 300 извозени километри на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби, е непроценливо.

Ме радува тоа што имав одлична комуникација со мојот нов тим ГДЛ Рејсинг, се запознавме како функционира екипата и каков стил на возење имам јас, по што очекувам да имаме одлична соработка во годината што ни претстои – рече Вуков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот