Риба во фолија на мексикански начин – Совршен ручек за крај на летото

Фото: Профимедиа

Состојки:

450 грама морска риба по ваш избор

2 големи зелени пиперки исечкани на ленти

350 милилитри доматен сос

1 главица сечкан кромид

200 грама сечкани црни маслинки

80 милилитри црвено вино

3 чешниња лук

50 милилитри лимонов сок

малку копар

1 лажица маслиново масло

2 лажици оригано

малку сол

Подготовка:

Во тава на оган ставете да се загрева маслото за јадење и во него додајте ги кратко да се пропржат сечканите пиперки на ленти, лукот, кромидот и маслинките. Откако зеленчукот малку ќе омекне, во садот додајте го доматното пире, црното вино, лимоновиот сок, ориганото и исечканиот копар. Оставете кратко да се динстаат состојките и тргнете ја тавата од оган.

Загрејте ја грил-тавата и во неа ставете ја алуминиумската фолија. Наредете ги рибите и врз нив истурете ја претходно подготвената мешавина. Убаво зачинете и покријте ги рибите со уште една фолија.

Ставете ги рибите да се печат во претходно загреана рерна на температура од 200 степени целзиусови околу 35 минути. Потоа, извадете ги рибите од рерна, отстранете им ја горната фолија и вратете ги да се допечат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот