Ред Бул со новиот болид најавува напад на Ф1 титулата!

фото: твитер

Ред Бул нема Ф1 титула од 2013. година, во новата сезона возачи ќе бидат Макс Ферстапен и Алекс Албон. Тестирањата ќе почнат на 19 февруари во Барселона.

Екипата на Ред Бул денеска го промовираше својот болид „РБ16“ со кој ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Мерцедес во Формула 1.

По пат на социјалните мрежи беше претставен болидот, Макс Ферстапен веќе ги проба перформансите на Силверстоун.

Ред Бул нема Ф1 титула од 2013. година, а оттогаш шампион беше Мерцедес, во конкуренцијата на возачите и конструкторите.

Веруваат дека сезонава ќе бидат поконкурентни и дека со Мерцедес и Ферари ќе водат битка за шампионската титула.

Втора година по ред ќе ги користат моторите на Хонда, со кои лани беше направен голем напредок. Освен Верстапен, за тимот ќе вози и Алекс Албон.

Минатата година Верстапен заврши на третото место во генералниот пласман, зад дуото на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Имаше три победи, во Австрија, Германија и Бразил, и две пол позиции. Ред Бул беше третопласиран зад Мерцедес и Ферари.

Да додадеме уште дека предсезонските тестирања започнуваат на 19 февруари во Барселона, а сезоната официјално ќе започне со трката за Големата награда на Австралија на 15. март во Мелбурн.

Потсетување дека во вторникот Ферари го претстави својот болид за претстојната натпреварувачка сезона 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот