Ферари официјално го претстави својот болид! (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

И во сезоната 2020 боите на оваа „црвена“ екипа ќе ги бранат четирикратниот светски шампион Фетел и талентираниот Леклер.

Екипата на Ферари на една прекрасна церемонија во театарот „Ромоло Вали“ го претстави болидот за претстојната сезона во Формула 1.

Болидот го носи името „СФ1000“ во чест на тоа што италијанскиот тим ќе учествува на својата 1.000 трка во Ф1 шампионатот.

Бојата секако останува црвена како и во претходните години, а посебно место и натаму има главниот спонзор на тимот на компанијата Филип Морис – „Mission Winnow“.

На својот официјален „Твитер“ профил од Скудерија Ферари се огласија со следните зборови: „И конечно…Таа е тука“! Се мисли секако на болидот „СФ1000“.

Боите на оваа екипа и во 2020 година ќе ги бранат Себастијан Фетел и Шарл Леклер, овој вториот пред неколку недели потпиша нов договор до 2024 година.

Договорот на четирикратниот светски шампион истекува на крајот од сезоната. Лани двајцата запишаа три победи и девет пол позиции.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне официјално на 15. март со трката за Големата награда на Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот