Речиси една милијарда долари се вложени на падот на нафтата пред примирјето: Дали некој знаел?

Вкупно 8.600 договори за брент и американска сурова нафта беа продадени околу 19:45 часот по Гринич во вторник, според податоците од LSEG. Ова е значаен потег на пазарот пред важното политичко соопштение на американскиот претседател Доналд Трамп. Неколку часа подоцна, околу 22:30 часот по Гринич, Трамп објави примирје со Иран, по што цените на нафтата паднаа за околу 15 проценти, паѓајќи под 100 долари за барел во раното тргување во среда, според Ројтерс.

Иако големите облози за пораст или пад на цените на нафтата се вообичаени како дел од хеџирањето во тргувањето со енергија, ваквите концентрирани трансакции во краток временски период се сметаат за ретки. Трговците обично ги шират нарачките во подолг период и на повеќе пазари за да избегнат влијание врз цените, додека големите трансакции ретко се извршуваат откако пазарот ќе се затвори за тековниот ден.

Над 40 држави направија коалиција за да обезбедат премин низ Ормускиот Теснец

Сличен потег беше забележан на 23 март, кога инвеститорите продадоа договори за нафта во вредност од околу 500 милиони долари непосредно пред објавата на Трамп за одложување на нападите врз енергетската инфраструктура на Иран, што потоа доведе и до нагло опаѓање на цените.

Во последните недели, тргувањето со нафта беше обележано со силно зголемување на обемот и волатилноста. Просечниот дневен промет, кој претходно изнесуваше околу 300.000 договори, сега надминува еден милион договори дневно, објави Независне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот