Рецептот за фетучини на Френк Синатра е совршено јадење за љубителите на тестенини

Фото: Профимедиа/ PickPik

Пред да се откажете од јаглехидратите како дел од пролетната детоксикација или диета, треба да се почестите со една добра чинија тестенини. Овој пат ви препорачуваме една класика – познатиот рецепт за фетучини (fettuccine) од музичката и актерска легенда Френк Синатра. Првично е објавен во книгата за готвење на Барбара, мажена за Синатра, под наслов „Готвачот на Синатра: Барбара, Френк и пријателите“ (The Sinatra Celebrity Cookbook: Barbara, Frank, and Friends). Заедно со јадењата на познатите личности како што се холивудските икони Кетрин Хепберн или Кирк Даглас, ги има и овие кремасти тестенини, пишува townandcountrymag.

Френк и Барбара Синатра/Фото: Flickr

А кога веќе зборуваме за тестенините кои Френк Синатра ги обожавал, познавачите на италијанската кујна ќе ја препознаат класиката на оваа кујна попозната како Fettuccine Alfredo, која во Италија популарно се нарекува и fettuccine al burro. Тоа е едноставно јадење направено од состојки кои веројатно веќе ги имате дома. Единствено што не смее да ви недостига се путерот и пармезанот, во случајов вистински италијански Parmigiano Reggiano.

А како го добило името? Алфредо ди Лелио ги претставил овие тестенини на почетокот на минатиот век во својот ресторан „Алфредо“ во Рим. Составен дел на ова јадење бил и ритуалот на неговото приготвување на масата. Легендата вели дека Алфредо го осмислил ова јадење во 1907 или 1908 година за да ја натера својата сопруга Инес да јаде по породувањето. За тестенините да бидат уште повкусни, додал три пати повеќе путер од вообичаено, па јадењето прво го нарекол „fettuccine al triplo burro“.

Фетучини Алфредо/ Фото: Flickr

Фетучини а ла Синатра

За 3 или 4 лица

Состојки:

– 500 грама фетучини (но за замена можете да користите макарони или шпагети)
– 55 грама путер
– 120 милилитри павлака (можете и без него)
– 50 грама свежо рендан пармезан, плус 2 лажици за посипување
– сол

Подготовка:

Фетучини гответе ги додека не бидат ал денте. Исцедете ги тестенините (не фрлајте ја водата, искористете ја за сосот).

Додека се варат тестенините, направете го сосот – растопете го путерот во тенџере на тивок оган. Потоа тргнете го од оган и во него измешајте го сирењето (и павлаката, по желба) и по потреба додавајте вода. Вратете на оган и убаво измешајте додека се растопи сирењето, зачинете со сол (и бибер, по желба). Внимавајте да не изгори сосот.

Во сосот додадете ги исцедените тестенини и оставете ги поклопени неколку минути.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот