Рецепт за сочно чили пилешко на кинески начин, најпопуларното мезе

Фото: Wikimedia Commons

Рецептот за чили пилешко е едно од најпопуларното мезе или стартер во Кина. Овој вкусен рецепт за пилешко е многу популарен во кинеските ресторани, но лесно можете да го направите и во удобноста на вашиот дом според вашиот сопствен вкус.

Состојки:

– 350 г пилешко без коски (исечено на коцки)
– 1 јајце (малку изматено)
– 1 чаша пченкарно брашно
– 1 чешне лук
– малку ѓумбир
– 1 лажичка сол
– масло
– 2 главици кромид, исечени
– 2 лажички чили / или 2 чили пиперчиња
– 1 лажица соја сос
– 2 лажици оцет

Подготовка:

Измешајте ги заедно пилешкото, јајцето, пченкарното брашно, ѓумбирот и лукот, додаjте сол и вода за да имате доволно смеса за парчињата пилешко да бидат потопени. Оставете ја смесата околу 30 минути. Загрејте масло во тава и пржете ги парчињата пилешко на висока топлина, а потоа намалете ја температурата. Ставете ги на хартија. Загрејте малку масло, додаjте го кромидот и пропржете. Додадете го чилито или чили пиперките и пржете една минута. Додаjте сол, соја сос, оцет и прженото пилешко и добро измешајте.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот