Фото: Профимедиа

Рецепт за пица-сендвичи од стар леб: Вкусно, лесно и евтино

Што да подготвите во слободно време како брза варијанта за појадок или за вечера, а да не ви одземе многу време? Наш предлог се овие вкусни пица-сендвичи од стар леб за кои не мора да одите да пазарувате во маркет по намирници. Само отворете го фрижидерот и земете ги потребните состојки за подготовка на овој брз рецепт. Притоа, вчерашниот леб е главната состојка, што го прави овој рецепт лесен и економичен.

Фото: Wikimedia Commons

Состојки:

– 8 парчиња леб

– 100 грама кашкавал

– 200 грама шунка или друг сувомесен производ

– оригано

– 8 лажици кечап

– масло за подмачкување

Подготовка:

Кашкавалот изрендајте го на крупно ренде. Исечете го лебот на парчиња, па наредете ги во претходно намачкана тава со масло. Секое парче премачкајте го со кечап, потоа ставете прво шунка или печеница одозгора, потоа кашкавалот и ориганото. Плехот ставете го во загреана рерна и печете на 180 степени 15 минути.

Јадењето послужете го топло.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот