Леб со лук и кашкавал / Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Рецепт за домашен леб полнет со лук и кашкавал: Се топи во уста!

Нема ништо подобро од домашен леб наутро за појадок или за вечера. Многу е повкусен од купениот во продавница, а сега ви предлагаме одличен рецепт. Доколку сакате лебот да ви биде уште повкусен, наполнете го со ароматичен намаз од лук и рендан кашкавал по избор. Ништо подобро нема да вкусите, а доволно е да го послужите со домати или со чаша јогурт.

Потребни состојки:

За тестото:

  • 300 грама брашно
  • 135 мл топла вода
  • 3 г сув квасец
  • 1,5 лажички шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 јајце
  • 2 лажици маслиново масло

За филот:

  • 4 чешниња лук
  • 50 г солен путер
  • 1/2 китка магдонос
  • 2 лажици маслиново масло
  • 120 г тврд кашкавал
  • 1 жолчка од јајце

Подготовка:

Сипете топла вода во сад, а потоа додајте ги квасецот и шеќерот. Измешајте, па додајте го изматеното јајце, па повторно измешајте. Покријте и оставете го да отстои околу 10 минути. Потоа додајте ги просеаното брашно и солта, па прелијте со маслото и замесете тесто. Формирајте топка, ставете во сад и покријте со проѕирна фолија. Оставете да стаса околу еден час.

Во сад измешајте ги ситно сечканиот лук, путерот на собна температура, сечканиот магдонос и прелијте со масло. Добро измешајте ги сите состојки. Изрендајте го кашкавалот. Готовото тесто развлечете го на набрашнета површина, па премачкајте го филот со лук и посипете го со кашкавал. Свиткајте (за да добиете погача) и добро затворете со прстите.

Исечете го лебот на еднакви делови и наредете ги еден до друг во тепсијата што сте ја премачкале со путер. Покријте го лебот и оставете го да отстои 45 минути. Потоа премачкајте го со изматена жолчка и печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час. По 25 минути покријте со алуминиумска фолија и печете уште 5 минути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот