Кит Урбан и Никол Кидман / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Разводот на Никол Кидман и Кит Урбан прераснува во вистинска холивудска сапуница

Во старите вестерни често велат: „Овој град не е доволно голем за нас двајцата“, но во случајот на Никол Кидман и Кит Урбан – кои се разведуваат по 18 години брак – важи токму спротивното. И двајцата остануваат во Нешвил, градот во кој со години го градеа заедничкиот живот, и ниту едниот не планира да замине.

Кантри ѕвездата Кит Урбан (58) живее во Нешвил со децении, додека Никол Кидман (58) се пресели таму по нивната свадба во 2006 година. Во 2008 година купија луксузна вила во затворената заедница Нортумберленд, каде ги одгледаа своите ќерки Сандеј (17) и Фејт (14).

По потврдата за нивната разделба во септември, Никол останала во семејниот дом, а Урбан се преселил во привремен стан кој, наводно, се наоѓа само неколку минути подалеку. И понатаму се среќаваат на истите места – купуваат во истата продавница, па дури делат и ист фризер. Ешли Вејлер се грижи за неговите прамени и за одржување на нејзината препознатлива руса боја.

Според договорот за старателство, кој Урбан го потпишал во август, Кидман ги има децата 306 дена во годината, а Урбан 59, вклучувајќи го и овогодинешниот Ден на благодарноста. Неговото време со ќерките е строго дефинирано: од сабота во 10 часот до недела во 18 часот, секој втор викенд.

Иако ниту Кидман ниту Урбан не ги коментираат гласините, американските медиуми пишуваат дека Никол наводно била „шокирана“ од развојот на ситуацијата и дека „не сакала развод“. Порталот ТМЗ дури сугерираше дека Кидман не ја исклучува можноста во животот на Кит да постои друга жена, но за тоа нема потврда.

Во последно време Урбан го поврзуваат со неколку млади кантри пејачки со кои настапува на турнеи. Најмногу се спомнува Карли Скот Колинс (25), која беше со него на турнеја и учествуваше во неколку негови проекти. На социјалните мрежи споделија доста фотографии од нив, но тие не ги коментираат шпекулациите, а колегите од музичката индустрија велат дека станува збор за неосновани претпоставки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот