Расел до пол-позиција за спринт-трката пред Големата награда на Кина
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката на Големата награда на Кина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Препорачано
Откако беше најбрз на слободните тренинзи, Расел стигна до пол-позицијата за спринт со време од 1:31.520 мин. Неговиот колега Кими Антонели ќе ја започне спринт трката од втората позиција, кој беше 0,289 секунди побавен, додека возачот на светскиот шампион Мекларен, Ландо Норис, беше трет.
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше четврти, вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, беше петти, додека Шарл Леклер од Ферари шести.
Спринт-трката е на програмата в сабота од 16.00 часот, додека квалификациите за главната трка се од 20.00 часот.
Трката за Големата награда на Кина ќе се вози во недела од 20.00 часот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
7час
-
9час
-
10час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


