Бањаја по една година победи на спринт трка
Во пресрет на главната трка за Големата награда на Чешка, поранешниот светски шампион во МотоГП, Франческо Бањаја, испрати силна порака до конкуренцијата со убедлива победа на спринтот во Брно. Италијанскиот возач на Дукати доминираше на легендарната патека „Томаш Масарик“, каде што во сите 10 круга го задржа водството и без поголеми проблеми стигна до триумфот. …

