Кети Бери, Орландо Блум, Расел Бренд, Џастин Трудо - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Расел Бренд ја искритикува врската на Кејти Пери и Џастин: „Бев во ред со Орландо Блум, но Трудо – Ајде, човече“

Британскиот комичар и актер Расел Бренд се осврна на романтичната врска меѓу неговата поранешна сопруга Кејти Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо за време на јавен настап во Соединетите Американски Држави, пренесува „Пипл“.

Имено, Бренд на настанот „Turning Point USA“ во Феникс им се обратил на присутните и ја споменал пејачката Кејти Пери, со која беше во брак, како и канадскиот политичар.

„Бев во брак со Кејти Пери. Сè уште ја сакам и мило ми е што нејзината мајка е тука и што ме слуша додека го зборувам ова, но гледате … Бев во ред со Орландо Блум, но Џастин Трудо? Ајде, човече! Не ме ставајте во ист кош со тој тип! Со тој глобалистички фраер“, изјави Бренд.

Инаку, Пери и Бренд беа во брак од 2010 до 2012 година откако Бренд поднесе барање за развод.

Кејти Пери и Орландо Блум се запознаа на забава по доделувањето на Златните глобуси во 2016 година, а се верија во 2019 година. Во јуни 2025 година, парот ја раскина веридбата по девет години врска. Тие се родители на ќерката Дејзи Дав Блум, која се роди во август 2020 година.

Заедно од летото

Гласините за романса меѓу Кејти Пери и Џастин Трудо се појавија во јули, откако беа забележани како вечераат заедно во ресторан во Монтреал, Канада. Кон крајот на октомври јавно ја потврдија својата романса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот