Рапидно расте бројот на забранети книги во американските училишта

unsplash

Бројот на забранети книги во американските училишта и библиотеки рапидно расте, пишува „Фајненшл тајмс“.

Рекорден број на забрани за книги оваа година треба да има во САД. Културните војни таму вршат зголемен притисок врз децата, воспитувачите и издавачите, наведува британското издание.

Забележано е зголемување на активноста на родителите, лобистичките организации и политичарите кои го користат своето влијание за да забранат одредени книги за кои сметаат дека се несоодветни за помладите читатели, соопштија од Американската библиотечна асоцијација и ПЕН Америка.

Според „Фајненшл тајмс”, најнов пример за таква забрана е законодавството во државата Мисури кое влијаеше на книгите за Леонардо да Винчи и Микеланџело, како и на илустрираните верзии на Библијата и делата на Шекспир.

„Гледаме огромно зголемување на бројот на барања за цензурирање книги. Едноставно нема крај. Очекуваме рекорд оваа година”, изјави Дебра Колдвол-Стоун, директорка на Канцеларијата за интелектуална слобода при Американската библиотечна асоцијација.

Забраните честопати се насочени против содржини за кои се тврди дека имаат сексуална природа. Под ударите на цензурата потпаѓаат и мемоарите, кои раскажуваат за конфронтацијата на црните деца со расизмот и животот на претставниците на верските малцинства.

Американската библиотечна асоцијација соопшти дека минатата година регистрирала 729 обиди за воведување забрани за речиси 1.600 дела. Годинава обидите се 800 и се насочени против 1.651 наслов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот