Рангник ќе биде новиот селектор на Австрија

фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Менаџерот на Манчестер Јунајтед во заминување, Ралф Рангник ќе биде новиот селектор на фудбалска репрезентација на Австрија, а медиумите пишуваат дека промоцијата ќе биде утре.

Како што пишува австриски „Курир“, Рангник денеска во Виена имал средба со претседателот и спортскиот директор на фудбалската федерација на Австрија и по еден час размислување била договорена соработка.

За работите да бидат поневеројатни, Рангник вечерва ќе го преводи Манчестер во дуелот против Челси, а неговата промоција како нов селектор на Австрија е закажана за утре во 11 часот во Виена.

Рангник сезонава го наследи Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер јунантед, но тоа е првивремено решение до крајот на сезоната и од лето треба да добие функција во управата на клубот. На негово место, на клуата на Јунајтед е договорено да седне Ерик тен Хаг, актуелниот тренер на Ајакс.

Австриските медиуми пишуваат дека наводно ангажманот на Рангник во Австрија нема да влијае на неговата идна функција во Јунајтед и дека тој ќе извршува две функции во следните две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот